LightDark

Обликуваме приказни, енергија и простор преку светлина.
Затоа што секој момент заслужува совршена светлина.

Следете не

© 2026 Perelovski | StageSyndicate

30 години

СИДО

Јубилејното издание носи особена вредност, бидејќи на сцената повторно ќе настапат оригиналните изведувачи на најпознатите песни од СИДО, кои по многу години повторно ќе ги изведат хитовите што оставија длабока трага во музичкото растење на децата од повеќе генерации. Концертот ќе се реализира заедно со Оркестар DIVA, што на целото музичко доживување ќе му даде дополнителна сценска моќ и израз.

Тоа што го прави овој настан посебен е фактот што некогашните детски изведувачи денес повторно се враќаат на сцената како возрасни луѓе, за да ги испеат песните што ги изведувале кога биле деца и настапувале на СИ-ДО. Некои од нив денес се професионални музичари, други избрале сосема поинакви животни професии, но кај сите останала истата искрена љубов кон музиката и истата емоција што овие песни ја носат со себе.

Публиката ќе има можност повторно да ги слушне и заедно да ги запее безвременските хитови што и денес живеат во колективната меморија како што се „Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“, „Како ли јас да пораснам“, „Ема“, “Софи, Софија“ и многу други композиции што станаа препознатлив дел од детството, младоста и семејните спомени. Тоа се песни што речиси сите ги знаеме, песни што останале да живеат и надвор од фестивалската сцена, прераснувајќи во вистински музички белег на едно време.

СИДО
Дарко Шерденков
НИКОЛА ЃОРГИЕВСКИ