DIVA
INDUSTRIAL SYMPHONY
Industrial Symphony е смел и алтернативен проект на Оркестар DIVA – моќно и динамично музичко патување што можеме да го проследиме на 13ти мај во МКЦ.
На репертоарот се наоѓаат песни од The Prodigy, Rammstein, The Chemical Brothers и уште многу други, претставени во форма што ретко се гледа на сцена.
Станува збор за композиции што често се заобиколуваат поради нивната комплексност, интензитет и препознатлива електронска енергија. Токму тука Оркестар DIVA настапува со храбар и свеж пристап, со автентични оркестарски интерпретации што ја бришат линијата меѓу класичната изведба и суровиот пулс на алтернативната сцена.
























