Славење на уметничката слобода
ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ
Глумците Пеат викендов ја освоија Битола.
Ни беше чест што го отворивме јубилејното 25 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, чие мото годинава е „Слободата живее тука„!
40 врвни и талентирани глумци заедно со Биг бендот составен од најдобрите музичари, под водство на маестро Љупчо Мирковски, цели три часа ја забавуваа битолската публиката.
Благодарност до Центар за култура Битола и вработените на топлото гостопримство и што направија да се чувствувавме како дома.
Благодарност до сите вредни и посветени професионалци зад сцената кои придонесоа да функционираме како најточниот часовник.
Најголема благодарност до битолската публиката за вниманието и сите аплаузи!
Глумците Пеат не е само концерт. Ова шоу е енергија, љубов, заедништво, слобода! Место каде нема поделби, разлики, суета. Има само добра забава, дружење и многу радост.













