Детски хитови од 90-тите
Вечер исполнета со емоции, насмевки и безвременски мелодии кои нѐ вратија во детството. Салата пулсираше во ритамот на песните што обележаа една генерација, а публиката пееше во еден глас, создавајќи атмосфера што долго ќе се памети.
Специјални гости на концертот беа:
Солистите од Државното музичко училиште – Битола:
• Николај Илијевски
• Ана Ванчевска
• Благица Марковска
• Анастасија Палашоски
• Изабела Јоцевска
• Тамара Јоцевска
• Мила Печенпетеловска
• Ана Печенпетеловска
• Јан Нечак
• Ангел Кулевски
• Фотина Наумоска
Младински мандолински оркестар при КУД „Стив Наумов“, под раководство на Мирко Митровски.
Хорот од ООУ „Св. Климент Охридски“, под раководство на Игор Огненовски.
Благодарност до сите учесници и до публиката што уште еднаш покажа дека Битола живее со музиката.


















